Тројца скопјани се тепале во кафеана во Драчево

Скопјани физички се пресметале во кафеана во Драчево. 

Во Полициската станица Драчево било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ц.(46) и Д.С.(50), од една страна и Т.С.(52) од друга страна, сите од Скопје, соопшти МВР. 

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.