Тројца скопјани меѓусебно се пресметале рано в зори, па биле агресивни кон полицајци на должност

Тројца скопјани меѓусебно се пресметале вчера рано в зори, а кога дошла полицијата, биле агресивни и кон службениците. 

- На 31.08.2026 во 05:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.А.(35), М.Т.(52) и Д.Т.(30), сите од Скопје, затоа што на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а притоа се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.