Тројца скопјани каснати од кучиња скитници во ист ден

На 10.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гази Баба, З.А.(28) од с.Синѓелиќ, скопско, пријавил дека во близина на автобуска постојка на подрачјето на с.Синѓелиќ бил каснат од куче скитник. 

На истиот ден во 18.00 часот во Полициската станица Карпош, В.С.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„Атинска“ во Скопје била касната од куче скитник и подоцна во 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.П.(45) од с.Долно Лисиче пријавил дека на ул.„10“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.