Тројца разбојници со закана одзеле возило од Швајцарец во Скопје

Едно лице од Швајцарија синоќа останало без својот автомобил.

- На 10.01.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Н.Б.М.(33) од Швајцарија пријавил дека на 09.01.2023 во 21.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, три лица со закана му го одзеле патничкото возило „тојота“ со швајцарски национални ознаки, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.