Тројца приведени поради тешка кражба во дуќан во Петровец

Во раните утрински часови на 3 ноември полицијата ги уапсила тројцата скопјани Д.А.(23), В.З.(20) и Х.Д.(18), веднаш по добиена пријава дека е извршена тешка кражба во колонијална продавница во селото Петровец.

Како што информираат од МВР, по добиената пријава, лицата се приведени во полициска станица, а одземено е возилото „опел тигра“ со кое се превезувале.

При преглед во возилото биле пронајдени предмети во врска со кривичното дело.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.