Тројца пожарникари повредени во сообраќајка утрово кај Маџари

Тројца пожарникари од скопската територијалната против пожарна служба се повредени во сообраќајка која утрово се случи во скопската населба Маџари.

Тие итно се префрлени во Ургентниот центар откако пожарна се преврти во скопската населба Маџари кај Триангла.

Според информациите од против пожарната бригада екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново.

Од засега непознати причини пожарната се превртрила.

Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.