Вчера во 13.40 часот во Полициската станица Кавадарци, била пријавена сообраќајна несреќа на два автомобила „ауди“. Несреќата се случила на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“ и ул.„Гоце Делчев“ во Кавадарци.
„Во сообраќајката учестувале патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.А.(54), и патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.И.(44), двајцата од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.И., додека со телесни повреди се здобиле З.А. и неговиот сопатник Т.Г.(36) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци“, се вели во билтенот на МВР.