Три лица се полесно повредени, во три од вкупно 10. сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во седум од сообраќајките е причинета само материјална штета.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала 16 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената предвидена со сообраќајниот знак.
Од сообраќај биле исклучени четворица возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, како и 14 возачи што возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале на црвено светло, еден за неправилно престројување и четворица за неправилно престигнување, како и 15 пешаши кои не ја поминале улицата на пешачки премин.
Поради непрописно паркирање со специјалното возило „пајак“ се подигнати 96 возила, а казна за непрописно паркирање добиле 97 возачи.