Тројца повредени откако 18-годишник најпрво се забил во паркирано возило па удрил во пешак

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека се случила несреќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар каде биле повредени три лица.

Патничко возило „бмв“ со гостиварски таблички, управувано од 18-годишниот Б.С. од с. Ломница најпрво удрило во паркирано возило, па потоа удрило и во пешакот М.А. од Гостивар.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката Д.Ј.(26) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар“, се вели во билтенот на МВР.