Тројца насилници влегле во стан во Аеродром и истепале едно лице

Синоќа во полициска станица бил пријавен инцидент кој се случил на 16 јануари.

- На 01.02.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 04.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.