Тројца млади скопјани вчера фатени со марихуана кај Бит Пазар

Синоќа полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода С.Б. (23) и Ф.Ш. (18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Истоа така синоќа околу 23 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода Б.С. (25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против тројцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.