Тројца млади скопјани повредени во тешка сообраќајна несреќа

Скопско возило се превртело на патот Куманово – Св. Николе. Сообраќајниот инциден се случил синоќа малку по полноќ на крстосница пред влезот на Св. Николе. Патничкото возило било управувано од 26-годишно лице од Скопје.

– Возилото излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река. Со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) , А.М.(21) и Х.И.(20) од Скопје, соопштија од МВР.

Повредените со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип. Екипа од полициската станица во Свети Николе го расветлува случајот.