Тројца кратовци претепале маж во кафеана

Тројца кратовци претепале маж во кафеана. 

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Г.Г.(33), С.Ч.(31) и Б.П.(36), сите од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што информираа од полицијата, на 13.09.2025 во угостителски објект во Кратово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале И.М.(35), при што му нанеле тешки телесни повреди.