Тројца крадци ограбиле продажен објет на „Рузвелтова“

Синоќа на ул. „Рузвелтова“ бил ограбен продажен објект, но и едно лице кое пазарувало.

- На 02.02.2023 во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Рузвелтова“ три лица со закана одзеле пари од дневниот промет и лични предмети на една вработена и едно лице кое пазарувало, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.