Триумфот на вистинскиот човек произлегува од пепелта на неговите грешки

Никогаш не се жалите од нешто или некого, затоа што во принцип сте направиле што сте сакале од својот живот.

Прифатете ги тешкотиите кои се поучни за вас, а нивната вредност искористете ја за да го поправите вашиот карактер, затоа што триумфот на вистинскиот човек произлегува од пепелта на неговите грешки. 

Никогаш не се жалете од вашата самотија или среќа. Соочете се храбро со неа и прифатете ја. Тие се последица на вашите дела и обиди и доказ дека секогаш имате добивка. Не се чувствувајте фрустрирано од вашите неуспеси и не ги префрлајте на некој друг. 

Прифатете се себеси сега или продолжете да се оправдувате како дете. Запомнете дека секое време е добро за почеток и дека нема ништо толку страшно за да направи да се откажете.

Не заборавајте дека вашата сегашност е производ на вашето минато, како што вашата иднина ќе биде производ од вашата сегашност. 

Учете од храбрите, од силните. Од оние кои не ги прифаќаат ситуациите, од оние кои живеат наспроти сите работи што им се случуваат.

Помалку размислувајте за проблемите, а повеќе за вашето дејствување. Научете да се издигнете над вашата болка и да бидете поголеми од најголемиот проблем. 

Погледнете се во огледало и ќе бидете слободно и силни. И ќе престанете да бидете жртва на околностите. Затоа што ВИЕ сте вашата судбина.

Разбудете се и гледајте во сонцето во утринските часови и уживајте во зората. Вие сте дел од силата на својот живот. Станете, борете се, одете, бидете сигурни во животот ќе бидете победници. Немојте да размислувате за „судбината“.

Затоа што судбината е само изговор за неуспех.