Пред почетокот на актуелното машко Светско ракометно првенство кое ќе се одржи во Франција, организаторот на уникатен начин го започна последното одбројување до стартот.
Вчерaвечер Триумфалната порта во Париз е во знакот на Мундијалот со оглед на тоа што е обоена со боите на сите 24 ракометни нации кои наизменично се менуваат. Меѓу нив секако се и националните бои на Македонија, жолтата и црвената.