Тринаесет годишно девојче регистрирано дека направило абортус: Малолетнички бракови и малолетни родители – кој е виновен

Многу често во последно време слушаме дека малолетни девојчиња станале мајки, статистиките покажуваат дека се почести се абортусите пред наполнети 18 години и се почесто слушаме за бракови склучени на мала возраст... 

Малолетничката бременост не е нешто што се случува само таму некаде, туку е проблем кој ги погодува сите меридијани и треба да му се посвети сериозно внимание и да се спроведат мерки за спречување на појавата која неповратно го менува не само животот на тие бебиња, туку и на нивните малолетни родители, најмногу на младите мајки.

Имено, малолетничката бременост е голем проблем, не само неразвиените земји, туку е глобален, светски феномен.

Од Обединетите Нации алармираат дека, доколку не се запре порастот на малолетнички бремености во светот, бројот на мајки помлади од 15 години од сегашните два милиони годишно, до 2030 година би се искачил на три милиони!

Имено, и многу млади мајки, не ја сакаат бременосто, па се одлучуваат да абортираат.

Годишно во земјата има помеѓу 4000 до 5000 абортуси.

Финансиската состојба, отфрленоста од околината и бројноста на семејството се најчестите изговори на жените кои ги презентираат пред лекарите.

Млади најчесто се кријат, и од околината и од семејството и веќе кога се во напредна бременост бараат прекинување, велат гинеколозите, додавајќи дека малолетничките во државата многу рано почнуваат со сексуални односи, а притоа, воопшто немаат познавање од користење на заштита, ниту пак на последиците кои можат да настанат.

Изминатите две години на Клиниката за гинекологија и акушерство на 8 малолетнички им бил направен абортус. Најмладата од нив имала само 15 години. За да биде направена оваа медицинска интервенција, задолжително е потпишување на согласност и присуство на еден од родителите. 

Во статистиката на ГАК е запишан и случајот со 13 годишно девојче од внатрешноста на која и бил направен абортус и која е најмладиот пациент. Дополнителен шок за гинеколзоите било што во установата дошла заедно со сопругот.