Трикови на искусните домаќинки: Како да сварите јајца за Велигден кои нема да испукаат?

Боењето и украсувањето јајца за Велигден е најголемиот обичај поврзан со воскреснувањето на Исус Христос и одбележувањето на овој голем празник. Сепак, особено внимание треба да се обрне и на тоа јајцата да бидат соодветно сварени за да не испукаат.

Пред се, важно е водата да не врие многу силно и јајцата да имаат доволно место за движење во тенџерето. Така нема да се удираат едно во друго и да се оштетат. Можете и полека да ја мешате водата додека не зоврие, а потоа да ги пуштите јајцата да се варат неколку минути, па да ја исклучите ринглата и да ги оставите во водата уште пола час.

Освен температурата на водата и јајцата, сигурно сте слушнале и совет дека добро е да се додаде и лажица оцет за да се спречи пукањето на јајцата. Дополнителен совет е да се додаде и сол.

Ако и покрај се, се случи некои од јајцата да испукаат, не очајувајте. Можете да направите мимоза салата или крем салата со јајца.