Триесетина возила со часови седат заглавени во очекување да се пробие патот од мавровсото село Леуново во правец накај регионалниот пат Дебар-Скопје, но заради обилните снежни врнежи, пробивањето им е безуспешно.
Според пишувањата на медиумите, тие побарале помош од Центарот за управување со кризи, бидејќи самостојно било невозможно е да се пробијат, односно, морале да ги туркаат возилата за да се движат.
Од ЦУК информираат дека добиле пријава и нагласија дека информирани се надлежните служби.
„Информирани се надлежните служби, веднаш испратиле возило за расчистување, и сега веќе возилото „Грејдер“ е кај нив. Инаку, сето ова е во надлежност на општинските власти и на ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта“, информираат од ЦУК.