Триесет пациенти починаа од коронавирус за 24 часа во Македонија - најмладиот имал 49 години

Во последните 24 часа се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 585 пациенти, а 30 починале, информираше вчера Министерството за здравство.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66.330, бројот на оздравени пациенти е 42.241, на починати е 1.877, а бројот на активни случаи изнесува 22.212.

Од починатите 30 лица, 12 пациенти се од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г)  и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.