Три знаци кои највеќе ќе ги почувствуваат ефектите од крвавата Месечина

Помрачувањето на Месечината ќе се случи на 16 мај. 

Овој моќен астролошки транзит ќе влијае на сите хороскопски знаци, но три од нив најинтензивно ќе го почувствуваат тоа.

Овен

Овните треба да се подготват за големи трансформации бидејќи помрачувањето на Месечината предизвикува радикални промени во вашиот живот. Ќе бидете принудени да се соочите со својата карма. Можно е да извлечете одредени заклучоци и да донесете одлуки за нови почетоци кои наскоро ќе дојдат за вас. Сега е добар момент да процените што точно треба да смените и како да го вратите балансот во својот живот.

Бик

Работите во вашите љубовни односи стануваат турбулентни, а помрачувањето може да ја замагли вашата визија во однос на тоа како треба да изгледа вашиот однос. Сепак, помрачувањето исто така ќе ве поттикне и да ги анализирате своите односи и да погледнете што се случува во нив. Сега е време да се запрашате што навистина сакате. Овој транзит ве учи дека некои стари начини на однесување веќе не функционираат.

Шкорпија

Помрачувањето е во вашиот знак, па вие највеќе ќе ги почувствувате неговите ефекти. Можете да очекувате вистинска бура овој викенд. Оваа астролошка појава ќе биде клучна за вашите потиснати емоционални потреби. Ќе се навратите на некои стари навики, луѓе и ситуации кои ве оптоваруваат. Бидете подготвени на големи промени, оставање на некои луѓе зад себе, особено оние кои не ви одговараат, но и промени кои ќе донесат нови луѓе во вашиот живот.