Три знаци дека дефинитивно несте за пријателство со посебни овластувања

Ако се препознавате во овие неколку работи, пријателство со посебни овластувања, дефинитивно не е за вас.

Во филмовите, оваа работа изгледа прилично едноставно и секси, но во реалниот живот, овој вид на врска е доста покомплициран. Најважно е да сте искрени сами со себе, а доколку се препознавате во следните неколку ставки, тоа дефинитивно не е за вас.

Лесно се вљубувате
Ако сте една од оние жени кои лесно се вљубува и врзува за својот партнер, сосема е јасно дека пријателство со посебни овластувања не е за вас. Ако влезете во таков одност, извесно е дека ќе бидете повредена. 

Сакате многу овластувања
Кога се мисли на овластувања, се мисли на секс. Тоа најчесто не вклучува галење и нежности, држење за рака и однесување како да сте во врска. Ако тоа го очекувате, подобро најдете некој кој е подготвен за вистинска врска. 

Мислите дека тоа ќе ве одведе во врска
Многу жени имаат претстава дека овој вид на „пријателство“ ќе ги доближи до врска со мажот со кој имаат сексуални односи. Тоа е доста ретко случај, таквите врски завршуваат најчесто кога мажот ќе се вљуби во жената со која има секс, а не обратно.

air max 90 essential sale