Три улици во Скопје утре без вода

Утре, поради  изведување на водоводен приклучок од Ф-100 мм на ул.Багдадска бр.35 во нас.Тафталиџе, три улици ќе останат без вода, информираа од ЈП Водовод и Канализација.

Според најавата на ЈП Водовод и Канализација, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул.Багдадска,дел од ул.Атинска и дел од ул.Ристо Равановски.

Планирано време за изведување на водоводниот приклучок е од 09:00 до 12:00 часот.