Три улични кучиња искасале девојка од Скопје

Уличните кучиња не престануваат да напаѓаат, а само вчера се евидентирани две каснувања во главниот град.

Вчера во 13 часот во Полициската станица Центар, 59-годишниот Ј.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12:10 часот, додека се движел на улицата  „Кеј 13-ти Ноември“, од страна на куче-скитник бил каснат за левата нога.

Истиот ден, вечерта околу 20 часот во Полициската станица Центар, 20-годишната М.Ј. од Скопје пријавила дека околу 18 часот на улицата „Стале Попов“ била нападната од три кучиња-скитници, од кои едното ја гризнало во пределот на десната надколеница.