Три типови на луѓе кои по секоја цена треба да ги избегнувате во животот

Односите кои ги стекнуваме во животот несомнено се најважниот дел од животот. Интеракциите со другите луѓе влијаат и го обликуваат нашиот живот.

Постојат различни типови пријатели кои ги имаме во животот. Постои пријател кој е добар слушател, пријател кој секогаш ја гледа позитивната страна, пријател кој никогаш не се плаши да ја каже вистината...

Но, има и лоши типови на луѓе кои се појавуваат во нашиот живот. Постои луѓе кои никако не би смеело да бидат добредојдени во нашите животи, особено ако сакаме да живееме среќен живот...

Обрнете внимание на овој тип луѓе, така би заштедиле многу време...

Манипулаторот

Овој тип на луѓе се препредени и премачкани со сите бои. Кај нив секогаш нешто делува дека е лажно, но се толку уверливи во своите приказни што секогаш успеваат да ве натераат да не верувате на својот инстинкт. Нивната цел е да се вовлечат во вашиот живот, да ја добијат вашата доверба, а потоа да ве искористат за свои цели. Клучот е да верувате во вашиот инстинкт. Ако имате чувство дека нешто не е во ред, обично има причина за тоа.

Насилникот

Описот си зборува сам за себе. Оваа личност е најисполнета кога гледа како другите луѓе страдаат. Со омаловажувањето на другите, кај нив расте чувството на сопствената вредност, за нив тоа е потврда за нивната моќ. Најчесто се такви поради тоа што и тие патат поради нешто. Клучот за овие луѓе е да не ги сфаќате сериозно. Тие водат битки сами со себе, а не со вас.

Его-манијакот

Ова е личност која се дружи со вас само затоа што тоа е добро за нејзината слика за себе. Тие сакаат да бидат гледани како личности со одреден статус во општеството и ако мислат дека дружењето со вас ќе ви помогне да го подобрите нивниот општествен идентитет, тие никогаш нема да ве напуштат. Сѐ додека не одлучат дека дружењето со вас повеќе не им го крева нивното сопствено его. Тие не се заинтересирани за пријателство. Тие само сакаат да си го пумпаат сопственото его.

Сакајте се доволно за да не дозволите овие луѓе да бидат дел од вашиот живот. Вашата интуиција нема биде компас кој ќе ви помага во носењето одлуки во животот. Ако вашиот внатрешен механизам ви дава сигнали на опасност, не ги игнорирајте тие чувства. 

Животот е прекраток за да го поминете со луѓе кои не го заслужуваат вашето време и енергија.