Три суптилни знаци дека навистина му се допаѓате!

Не им е лесно и на мажите: Ако директно и пријдат на девојката, постои можност дека ќе бидат прогласени за нападни, а ако се суптилни, ќе ги критикуваме дека се премногу суптилни. 

Секако суптилноста е најдобриот избор, а ова се суптилните знаци со кои мажите се обидуваат да ви дадат до знаење дека им се допаѓате.

Ве слуша како зборувате

Ова звучи лошо зато што делува дека мажите никогаш не слушаат, но не зборуваме за таков вид на слушање. Зборуваме за ангажирано слушање, како на пример кога сте во друштво во кое сите зборуват, а очигледно е дека тој го слуша само тоа што вие го зборувате и активно се надоврзува на работите кои повеќето не ги слушнале.

Ги познава вашите социјалните мрежи

Момчето кое сака да ви стави до знаење дека го интересирате, многу често во разговорот ќе уфрли работи кои ги видел на вашите социјални мрежи, за да биде очигледно дека активно ве следи. 

Ви нуди помош

За жал, џентлмените се во изумирање, а заедно со нив и потребата на мажите да и помогнат на жена без очигледна причина. Колку е тоа тажно или не, тоа е друга работа, но барем го олеснува препознавањето на заинтересираното момче. Ако постојано ви нуди помош и решенија за работите кои понекогаш ви го отежнуваат животот, дефинитивно се обидува да си помогне и себеси.