Три странски и три домашни комедии ќе се натпреваруваат на “Гола месечина”

Фестивалот ќе го отвори сараевскиот воен театар “Сартр” од БиХ со претставата ”Једваносимсобоакаломистобо”. На 19 јуни ќе биде изведена претставата “Синиот портокал” од страна на театар Џинот од Велес.

Нишкиот народен театар на 20 јуни ќе ја изведе комедијата “Госпоѓа министерка”. Штипскиот народен театар ќе се претстави со “Умри машки”, а театарот од Шабац, Србија на 22 јуни ќе ја изведе претставата “Кидај из моје кухиње”. На 23 јуни Народниот театар “Антон Панов” од Струмица ќе се претстави со комедијата “Дванесеттата ноќ – спроти водици”

Последниот ден кога ќе бидат прогласени победниците, фестивалот ќе се затвори со детска претстава и стендап комедија.

Општина Аеродром годинава издвои еден милион денари за поддршка на овој културен настан и дава логистичка и медиумска поддршка.

– Ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена и ги покани граѓаните да бидат дел од оваа културна манифестација – истакна градоначалникот Златко Марин.

Меѓународниот фестивал „Гола месечина“ е значајна културна манифестација за нашата општина, која се одржува под отворено небо и предизвикува голем интерес кај граѓаните. На Фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Од оваа година фестивалот внесе уште една категорија на награди: награда за епизодна улога.