
ЈП Водовод и канализација известува дека во петок, на улицата Никола Парапунов со почеток во 18:00 часот, доколку постојат технички предуслови, ќе се изврши санација, односно промена на два затварачи со профил ф 400 и ф 500.
Од таму информираат дека заради реализација на предвидените активности, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците Никола Прапунов, Разловечко Востание и дел од улицата Вич.
Нормализирање на водоснабдителниот систем се очекува да биде околу 12:00 часот наредниот ден.
Доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за нареден период.