Три скопски општини утре ќе останат без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од ул.Врполе- населба Лисиче (општина Аеродром)

- во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. Драгиша Мишовиќ бр.12/34 (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Дрезденска, ул.Римска и ул.Анкарска (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на ул.Марко Орешовиќ,ул. Марко Орешовиќ 2, Мариовска улица 2 и дел од ул.Димо Хаџи Димов (општина Кисела Вода).