Три скопски општини утре без струја - проверете за кои делови се работи

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат дел од општина Аеродром, Илинден и Кисела Вода.

Како што информираат од ЕВН Македонија  во периодот од 08:30 до 14:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица Гаврил Константиновиќ, дел од улица Илија Димовски-Гоче, дел од улица Митре Влаот, дел од улица Димитар Туриманџовски во  општина Аеродром, во периодот од 08:00 до 10:00 часот, корисниците на Илинден, дел од ул. 8: од спроти Аутосервис MAC-MOTO до Агроунија, улиците кои се напојуваат од Трафостаница Белимбегово 3, дел од ул. 9 до мостот во  општина Илинден и  во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на ул. Пушкинова бр.4 во општина Кисела Вода.