Три пушки и три пиштоли пронајдени кај 67-годишник од Битола

При претрес во Битола, пронајдено е оружје кај 67-годишник кој бил уапсен. 

- На 11.09.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Д. (67) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени три пушки и три пиштоли, информираа од МВР. 

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.