Три промени кои настануваат во организмот кога ќе престанете да јадете бел леб

За многумина од нас лебот е намирница без која не можеме да си го замислиме денот. Но, исто така, таа јагленохидратна бомба ја консумираме во многу различни облици, од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека за другите има само пофални зборови. Дознајте што ќе се случи со вашето тело ако од исхраната во потполност го исфрлите белиот леб.

Ќе изгубите колограми предизвикани од вода

Лебот е преполн со јаглехидрати, а неговото нагло исфрлање од исхраната ќе резултира со моментални резултати на вашето тело во облик на губење килограми. Но не станува збор за инстант слабеење туку за губење вода која се насобира во телото.

Телото ги складира јаглехидратите во облик на гликоген, млечна киселина која ја собира водата. Секој грам јаглехидати задржан во телото во него врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати, со кои е преполн белиот леб, во вашиот организам предизвикуваат нагло зголемување и скок на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо паѓа. Овие луди промени на мозокот му праќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад и потребата за храна, поради што и се дебелееме.

Но тоа не значи дека лебот од исхраната треба во потполност да се исфрли, туку празните калории и белиот леб да се заменат со оној направен од житарки од цело зрно кои го регулираат и го балансираат шеќерот во крвта.

Ќе ви порасне енергијата и ќе ви се подобри метаболизмот

За разлика од интегралниот или од црниот, белиот леб не содржи влакна потребни за работа на цревата и за нивно редовно празнење. Таквата храна предизвикува запек и проблем со исфрлање на храната од организмот.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од секојдневната исхрана и ќе ги воведете житарките од цело зрно, перисталтиката на цревата ќе се одвива нормално и олеснато.

Јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако се квалитетни, мозокот работи нормално, без пречки, но ако храната за мозокот не е здрава, тогаш телото реагира негативно и се појавува чувство на омалаксаност и умор.