Три пријави за каснувања од бездомни кучиња вчера во Скопје

Вчера стигнале три пријави до полицијата за каснување од бездомни кучиња. 

На 28.01.2025 во 12.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.П.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 28.01.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Т.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 28.01.2025 во 22.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Т.(27) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Шарпланинска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.