Три пријателки кои не ви се потребни во животот

Во одреден момент во животот едноставно заборавате на одредени пријателки и некако спонтано доаѓа до прекинување на контактот меѓу вас. На крај, сфаќате дека сѐ е до квалитетот, а не до квантитетот.

Денес ви претставуваме листа од три типови пријателки кои навистина не ви се потребни во животот.

Пријателката која постојано озборува

Таа е девојката која знае СЀ. За сите. И едвај чека да ви раскаже за новиот трач. Иако таа понекогаш ве забавува со своите шашави приказни и откритија, сепак бидете внимателни, бидејќи кај овие луѓе има едно правило: како зборуваат за другите пред вас, така ќе зборуваат и за вас пред другите. И во ниту еден момент не се сомневајте во ова.

Пријателката која секогаш е негативна

Да бидеме на чисто: Сите имаме лоши денови кога се чувствуваме лошо, потиштено и депримирано. Кога имаме такви денови, сосема е природно да свртиме кон нашите пријатели. Но, ако имате чувство дека вашата пријателка постојано се жали и кука секојпат кога ќе се видите, време е да се оттргнете од неа и да се опкружите со позитивни луѓе.

Пријателката која постојано се натпреварува со вас

На никој не му пречи малку натпреварувачки дух во животот, но ако имате чувство дека секоја ваша приказна, потег или успех е само повод за вашата пријателка да се натпреварува со вас – тогаш имате сериозен проблем. Тоа не е здраво и не вреди да се трудите околу тоа. Она што ви е потребно во животот се пријателки кои се гордеат со вашите успеси како да се нивни.

new nike air max 2019