Три причини зошто вежбите кои ги правите не функционираат

Без сомнеж, цврстото јадро е едно од најбараните физички атрибути на денешницата. Веројатно досега сте научиле неколку совети од Вашите тренери, но со цел да ги истакнете Вашите стомачни мускули, потребно е да бидете доволно сконцентрирани на целта, а тоа значи да имате голема дисциплина.

Во продолжение, Ви откриваме три вообичаени грешки кои се испречуваат на патот кон совршено обликуваните стомачни мускули.

Не тренирате со тегови

Отпорот е она што ги стимулира мускулните влакна и го поттикнува нивниот раст. Повторувањето од 50, 60 или 100 пати на една иста вежба за стомачни е одлично за Вашата кондиција и издржливост, но вклучете и вежби со оптеретување со помалку повторувања.

Тренирате премногу

Иако стомачните мускули брзо се обновуваат, со оглед на тоа што го сочинуваат јадрото на телото, тоа не значи дека не треба воопшто да ги одмарате. Секојдневните вежби за стомачни можат да Ве остават со воспаление на мускулите кое ќе Ве спречи да го дадете максимумот од себеси при следното вежбање.

Залепени сте за подот

Наместо да ги правите вежбите кои бараат од Вас да бидете залепени за подот, правете вежби кои вклучуваат стоење, клекнување, свиткување и вртење. Со тоа ќе ставите акцент на рамнотежата и стабилноста, а за возврат ќе добиете поголема стимулација на мускулните влакна.