Три причини зошто треба да поминувате време самите со себе

Во својата книга „Тивките: Моќта на интровертите во свет кој не може да престане да зборува“, Сусан Кејн напиша: „Не гледајте на интровертноста како на нешто што може да биде излечено.

Поминувајте го вашето слободно време како сакате, а не како мислите дека треба да го поминете. Луѓето кои одбираат да ја негуваат својата желба да поминуваат време сами, наспроти тоа да и се спротиставуваат, се способни да го направат тоа затоа што имаат самодоверба и се познаваат себеси.

Дури и ако не се природен интроверт, постојат многу добри причини зошто треба да си ја прифатите вашата осаменичка страна. Денес ви даваме три добри причини за тоа:

1. Поминувањето време сами со себе ви помага да се поврзете со себеси и со вашиот свет

Кога се обидуваме да се вклопиме во некоја група, често мораме да правиме компромиси со нашите сопствени желби со цел да им удоволиме на другите.  Од друга страна, кога сме сами, можеме да правиме што сакаме, вклучувајќи и тоа да дознаеме што навистина сакаме. Обележете си ден во календарот, ден кој ќе биде посветен исклучиво на вас и на никој друг.

Ако сте доволно интровертни, голема е веројатноста дека одвреме-навреме веќе го правите ова. Исклучете го телевизорот и видете во која насока ќе се движи вашиот ум. Читајте, цртајте, пишувајте или одете во природа. Свирете на инструмент, градете нешто или огледувајте цвеќиња. Трчајте. Гответе. Плетете. Медитирајте. Ќе се изненадите од длабочината која ја имате во вас. Не е залудно тоа што Аристотел еднаш кажал: „Да се познавате себеси е почетокот на секоја мудрост.“

2. Поминувањето време сами со себе гради самодоверба и отпорност

Кога поминувате време сами, учите да се потпирате на соственото одобрување наместо на желбите на другите. Ова може да помогне да ја зголемите љубовта кон себеси и да бидете отпорни на општествениот притисок кога ќе треба повторно да бидете меѓу луѓе.

Исто така ја зајакнува вашата способност да застанете цврсто на свои нозе. Потпирањето на другите, особено во стресни времиња е супер, но нема секогаш да ја имате таа можност. Градете го сопствениот капацитет за да се справувате со овие работи како поединец. Кога катастрофата ќе удри, ќе бидете понаклонети да се потпрете самите на себе и да бидете поспособни да го направите тоа.

3. Интровертноста ги обесхрабрува импулсивните тенденции

Голем број на интроверти ги зајакнуваат своите социјални вештини со тоа што се форсираат себеси да бидат помеѓу луѓе. На истиот тој начин, екстровертите можат да добијат поволности со тоа што ќе поминат време самите со себе, особено кога станува збор за градење на способноста да се поттисне импулсивната природа.

Интровертите се многу повешти во навременото реагирање за разлика од екстровертите.  Тие се понаклонети кон тоа да ги размислат и да ги изанализираат работите, наместо да донесат брзи одлуки. Оваа вештина им помага на интровертите да успеат на финансиско, професионално, па дури и на љубовното поле. Со што ќе поминувате време сами со себе и вие ќе ја заврстите оваа карактеристика и ќе ја развиете оваа вештина.

Многу луѓе го вадат најдоброто од себе кога поминуваат време самите со себе за подобро да се поврзат себеси со Универзумот. Пробајте. Видете што ќе се случи.