Три претстави и промоција на книга на МОТ

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија  денеска ќе ја промовира аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот. Двете изданија се објавени со поддршка на Министерството за култура.

Аудиокнигата е  објавена во пристапен формат за слепите лица, согласно со Меѓуанродната конвенција од Маракеш од 2013 година за пристапни книги за слепи и слабовидни лица.

– Договорот е склучен помеѓу Светскиот сојуз на слепите и Светската организација за интелектуална сопственост. Се надеваме дека и Република Северна Македонија ќе го  потпише и ратифиикува Договорот им дава можност на слепите лица да го уживаат основното човеково право – правото да читаат, наведува Националниот сојуз на слепите.

Сите аудиоизданија (разновидни четива и различни теми) можат да се најдат и на првата онлајн-аудиобиблиотека на веб-платформата  www.nssrm.org.mk која месечно е посетена од повеќе од  200 000 лица.

Министерството за култура во рамки на Годишната програма за 2019 година го помага и објавувањето на списанието „Наш збор“ на Брајово писмо  кое го издава Националниот сојуз на слепите.

На промоцијата ќе се обрати претседателот на Сојузот,  Жарко Селковски, а најавено е и обраќање на министерот за култура Хусни Исмаили.