Три прашања кои ќе ви откријат дали сте подготвени за вистинска љубов

Бидете искрени...

Страст не значи љубов, дури и кога нам ни се чини дека е тоа  така. Па и заљубеноста не е љубов, иако ја сметаме за првата фаза на љубовта. Зошто тогаш толку често паѓаме во тие замки?

Психолозите најчесто тврдат дека клучот е во недоволното познавање на себеси и сопствените потреби, кои заедно со општествениот притисок да ја најдеме сродната душа и стравот од осаменост, водат кон тоа да влеземе во каква било врска тврдејќи дека е искрена и вистинска.

Прво, морате да бидете свесни дека вие сте единствената личност која може да утврди дали одреден партнер е „вистинскиот“ за вас. Сепак, морате да дефинирате што сакате од другата страна.

Одговорите на овие три прашања можат да ви помогнат да препознаете дали дошол моментот за вистинска љубов.

Дали сте задоволни од самите себе?

Ако самите не се сакате, никој нема да може искрено да ве сака. Ако сте незадоволни од самите себе, ќе привлекувате погрешни луѓе и нема да можете да се опуштите во врската дури и ако се случи да влезете во врска.

Дали сте способни да бидете сами?

Во вистинска и длабока емотивна врска можете да уживате дури откако ќе бидете потполно сигурно дека вашата среќа не зависи од постоењето на таа личност, односно кога врската не ја третирате како дрога која ви е потребна за да се осеќате добро. Ако можете да се смејете и да се забавувате самите со себе, тогаш сте подготвени да се смејете и забавувате со уште некој друг.

Имате ли реално разбирање на односите?

Подготвеноста за врска подразбира и свест дека врските не се бајка, ниту романтичен филм во кој сѐ е совршено во секој момент. Меѓучовечките односи се комплицирани сами по себе, а кога на сето тоа ќе се додаде и страст, јасно е дека во одредени ситуации може да дојде до недоразбирања или несогласувања. Токму поради тоа морате да бидете подготвени на компромис и толеранција и дека понекогаш ќе мора да кажете „извини“.

Свесни сте и дека љубовта се развива во различни облици и дека не постојат две личности со иста дефиниција за љубов, но имате јасна слика за тоа што сакате од партнерот. Реалното разбирање на односите значи и да признаете дека минатите искуства можат да влијаат на вашите сегашни чувства и однесување, но дека не ви ја ограничуваат иднината.