Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен

Во текот на денешниот ден биле регистрирани вкупно три пожари на отворен простор до 13 часот, од кои еден е сѐ уште активен, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Активниот пожар е во регионот на село Врапчиште, каде гори ниска вегетација.

Ниска вегетација и ѓубре гореле и во село Добрејци во општина Струмица, а имало пожар и на депонија во подрачјето на село Железница, општина Кратово.