Битола, Арачиново и Македонска Каменица се општините кои ќе бидат управувани од жени.
Наташа Петровска победи во Битола и ќе биде првата градоначалничка по 12 години владеење на Владимир Талески. Таа е родена на 18 декември 1971 година во Битола. Беше професор по математика во техничкото училиште во Битола и координатор на советничката група во Советот на општината.
Миликије Халими ќе управува со Арачиново. Таа е родена и живее во Арачиново. Халими дипломирала на Педагошкиот факултет и е мајка на две деца.
И Македонска Каменица со градоначалник жена.
Соња Стаменкова е дипломиран психолог и психотерапевт. Има 49 години и работи во приватна здравствена установа. Таа е самохрана мајка.