Со одлука на советот, градот Скопје ќе прими донација од три велопаркинзи со капацитет за 72 велосипеди од страна на Скопската пиварница.

Вкупната вредност на донацијата ќе изнесува 1.264.603 денари, а за реализацијата на одлуката ќе биде овластен градоначалникот Шилегов, кој ќе склучи договор со директорот на ова акционерско друштво, преку кој ќе се регулираат намената и начинот на користењето на донацијата.

Претходно, на почетокот на јуни, градот во соработка со Стопанска банка промовираше 5 станици за поправка на велосипеди, со кои им се овозможи на велосипедистите во градот да извршат мали интервенции на своите велосипеди.

Со поставувањето на овие велопаркинзи и патеки, градот има цел директно да ги поттикне граѓаните повеќе да ги користат велосипедите како алтернативно превозно средство во густонаселените урбани средини, а нивното користење заштедува време и пари и придонесува за намалување на загадувањето на воздухот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.