Три нови мерни сензори за загаден воздух во Скопје и Битола

Три нови мерни сензори за загаден воздух се поставени на плоштадот Македонија во Скопје и во населбата Железара, како и на Широк Сокак во Битола, објави „Мој Воздух“ на својата Фејсбук страна. Апликациите сега се достапни за преглед преку апликацијата МојВоздух.

„По поставувањето на 3 нови сензори од Airly во Скопје на Плоштад Македонија, во Железара, и на Широк Сокак во Битола, тие се сега достапни за преглед преку МојВоздух. Airly е трет независен извор на податоци кој што е достапен во МојВоздух, покрај мерните станици од Pulse.eco проектот и мерните станици поставени од Универзитетот Гоце Делчев – Штип.

„Наскоро очекувајте дополнителни мерни станици од Airly и Pulse.eco да се појават во МојВоздух“, се вели во објавата на „Мој Воздух“.