Три најважни работи во животот

Луѓето често не се свесни дека нивната реалност најчесто е производ на нивните постапки и мисли. Сите сме самите одговорни за она што ни се случува во животот, односно од нас зависи нашата среќа. Еднаш, еден стар мудрец рекол дека постојат само три работи врз кои се гради целиот наш живот. 

Се верува дека кога ќе ги применувате овие правила, среќата ќе влезе во вашиот живот, а сите негативни работи полека ќе почнат да избледнуваат.

Еве што подразбира правилото на три работи.

Три работи никогаш не се враќаат: времето, зборот, можноста.
Три работи кои не би смееле да ги изгубите: смиреноста, надежта, честа.
Три работи кои се највредни во животот: љубов, трпение, доверба.
Три работи во животот се непостојани: моќта, среќата, богатството.
Три работи го уништуваат човекот: вино, гордост, лутина.
Три работи кои е најтешко да се кажат: „Те сакам“, „Жал ми е“, „Помогни ми“.

Споделете ги овие работи и со вашите најблиски!