Три најдобри природни сирупи против настинка и грип

Сезоната на грипови и настинки веќе започна, а пред да заминете кај матичниот лекар, дајте им шанса на природните лекови кои можат многу да ви помогнат. Нивните состојки се веќе во вашата кујна.

Мед, ѓумбир, лимон, темјан – тоа се намирни кои се познати како големи заштитници на имунитетот и како големи сојузници во борбата против настинките. Со нивна помош, ќе си осигурите силен имунитет на здрав, но и вкусен начин.

Сируп со ѓумбир и мед

Потребни состојки:

3 лажици ѓумбир во прав

1 лажица ситно сецкано нане

800 мл вода

240 мл мед

Начин на подготовка:

Ставете го ѓумбирот во ментолот и водата и оставете да проврие, а потоа намалете ја температурата и пуштете да се крчка додека количината вода не се намали речиси на половина. Пуштете да се олади на собна температура, а потоа додајте мед и добро промешајте. Овој сируп можете да го држите во фрижидер најмногу 3 недели, а препорачуваме дневно да земате по 1 лажица на секои 3-4 часа.

Сируп од ананас

Потребни состојки:

2 кришки свеж ананас

1 лажица мед

½ лажица до 1 лажица црн пипер (зависно од тоа каков е вашиот вкус)

Малку  ѓумбир во прав

Цеден сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

Исецкајте го ананасот на парчиња со следна големина. Потоа, сите состојки ставете ги во блендер додека не добиете компактна сеса. Сирупот чувајте го во фрижидер и користете го секојдневно.

Сируп со темјан и мед

Потребни состојки:

800 мл вода

240 мл мед

3 лажици ситно сецкан темјан

Начин на подготовка:

Темјанот ставете го во вода и оставете да проврие. Намалете го оганот и дозволете количината вода да се смали на половина. Пуштете да се олади, додадете мед и добро промешајте. Сирупот земајте го на неколку часа, а во фрижидерот можете да го чувате до неколку неколку недели.