Tри момчиња ограбиле скопјанец во Аеродром, завршиле во станица

На бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б. (23) од Палиград - Зелениково и двајца малолетници, поради тоа што претходно, на ул.„Симеон Кавракиров“, општина Аеродром физички го нападнале С.С. и му одзеле златен накит.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.