Три момчиња од Скопје ограбиле таксист во 4 часот наутро

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Чаир“, ќе поднесе кривична пријава до ОJO против Д.Е. (26), Д.А. (19) и С.Ј. (27) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле едно кривично дело „разбојништво“ согласно член 237 од Кривичниот законик.

На 08.12.2019 околу 04.30 часот во Скопје, додека се превезувале во такси возило на ул. „Брсјачка буна“ пријавените извршиле разбојништвo врз К.Ц., возач на такси возилото со употреба на физичка сила и му одзеле пари и мобилен телефон.