Три мини-животни лекции: „Еден ден ќе сфатиш...“

Еден ден ќе сфатиш...

Еден ден ќе сфатиш дека постојат луѓе кои никогаш нема да те предадат, но пред тоа ќе мора да пројдеш низ многу, многу предавства.

Еден ден ќе сфатиш дека надворешниот сјај е ништо во споредба со внатрешната убавина. Затоа што сѐ што е однадвор – трае до првиот дожд. Она што е одвнатре – гори засекогаш. Дури и ако речиси и не се забележува тој оган.

Еден ден ќе сфатиш дека многу изјави, мисли и аформизми кои постојано се околу нас и ги читаме секој ден – се само празни, убаво склопени зборови и ништо повеќе од тоа. Важни се само вистините кои сам си ги спознал.

Еден ден ќе сфатиш дека добрината, нежноста, љубовта и грижата се одлики на внатрешната сила, а не на слабоста.

„Предуслови“ за талент

Еден фотограф бил поканет на вечера кај некоја богата жена. Таа ги гледала неговите фотографии и рекла:

„Колку прекрасни фотографии! Сигурно поседувате многу добар апарат!“

Фотографот премолчел, но подоцна, кога си одел, се свртел и ѝ рекол:

„Благодарам. Вечерата беше многу вкусна. Веројатно имате многу добри тавчиња и лонци.“

Моќта на ситниците

Оваа приказна е одличен потсетник за тоа колку се важни ситниците во нашиот живот и која често се користи како метафорички израз за неспособноста на луѓето да реагираат на значајни промени кои постепено се случуваат во животот.

Што ќе се случи ако една жаба се најде во лонец со врела вода? Веднаш ќе помисли: „Овде е многу неудобно. Мора што побргу да излезам оттука.“ И во истиот миг ќе скокне од лонецот.

Но, што ако истата жаба ја ставите во лонец со ладна вода и полека почнете да ја загревате водата?

Жабата ќе се опушти. Таа секако ќе забележи дека водата станува сѐ потопла, но ќе помисли: „Малку топла вода нема да ми наштети.“

А ќе заврши така што ќе биде сварена на крај.

Поука: Многу работи во животот незабележливо се натрупуваат: долгови, килограми, лошо здравје, но и знаење и благосостојба. Запомнете дека не смеете да ги потценувате „ситниците“.

Зрно по зрно – погача.