Три милиони денари инвестирани во градинките во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави на неговиот профил на Фејсбук дека три милиони денари биле инвестирани во детските градинки.

- Инвестирани се 3.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка, напиша Костовски.

Детската градинка „11 Октомври” доби:

- Нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови;

- Нови апаратура во пералната која не е промената од 1978 година;

- Нови дидактички играчки;

- Нова детска едукативна литература;

- Нова помошна апаратура во кујната;

- Бела техника составена од професионални правосмукалки намените за подобра чистота во објектите;

- Нови табли;

- Нови подни подлоги;

- Нови душеци, прекривачи, фротирки.