Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година

Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година. Две се родени на први, додека едното е родено на 03. јануари. 

Утрово тие беа посетени од градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој им подари пригодни подароци. 

- Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година! Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, порача Стефковски при посетата. 

Инаку, оваа скопска општина за секое новороденче, од годинава, ќе доделува по 5.000 денари, што беше дадено како ветување за време на изборите.