Три лица, во одделни случаи, уапсени за марихуана во Скопје

МВР во текот на изминатото деноноќие апсеше на повеќе локации во Скопје за поседување на марихуана. 

На 16.01.2022 во 15.30 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 16.01.2022 година во 15.40 часот во близина на клучка Арачиново полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од с.Арачиново, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 17.01.2022 во 00.00 часот на клучка Матка, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.